ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА СРПСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ПОКАЖУВА ДЕКА НАЦИОНАЛИЗМОТ Е ВО ПОДЕМ, ВЕЛИ НОВИОТ ГЕРМАНСКИ АМБАСАДОР ГЕРБЕРИХ

    ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА СРПСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ПОКАЖУВА ДЕКА НАЦИОНАЛИЗМОТ Е ВО ПОДЕМ, ВЕЛИ НОВИОТ ГЕРМАНСКИ АМБАСАДОР ГЕРБЕРИХСпоред германскиот амбасадор Томас Норберт Герберих, најдобар начин Македонија да се стабилизира е земјата да влезе во НАТО. - Герберих на денешната конференција „Македонија во НАТО“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Новиот германски амбасадор Томас Норберт Герберих вели неодамнешното повлекување на српските дипломати од амбасадата во Скопје, покажува дека национализмот и етничката поделеност повторно се во подем и најдобар начин да се стабилизира Македонија е земјата да влезе во НАТО.

    „Последниот настан со повлекувањето на српските дипломати од амбасадата во Скопје, покажува дека национализмот и етничката поделеност повторно се во подем. Влезот во НАТО е најдобар начин да се стабилизира земјата и да се посвети на реформската агенда. За ваквите процеси потребно е храброст и сила“, рече Герберих на денешната конференција „Македонија во НАТО“.

    Герберих како амбасадор на Германија во земјава дојде на местото на амбасадорката Кристине Алтхаузер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира