Осумнаесет лица се на лекување на Клиниката за пластична хирургија во Скопје, осум се на Клиниката за анестезија КАРИЛ, 4 се на Детска интензивна нега, 2 се на Клиниката за неврохирургија и едно лице е на Клиниката за неврохирургија, велат од Министерството за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК по пожарот во дискотека во Кочани.
18 лица се лекуваат во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје.
Повредените се префрлени во болниците во Кочани и Штип. На Клиника за хируршки болести „Наум Охридски“ во Скопје досега има донесено 27 повредени и сите се во тек на обработка, ни рече директорот д-р Небојша Настов и најави информации за подоцна.
Најмалку 50 лица се загинати во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на групата ДНК, потврдија од МВР за МИА. Пожарот избувнал околу 3 часот, неофицијално поради употреба на пиротехнички средства на концертот на кој присуствувале околу 1.500 луѓе, по што настанало стампедо за излез.
Според снимките од концертот споделени на социјалните мрежи, додека пее групата проследено со пламени прскалки, почнува да гори конструкција на таванот која за неколку секунди се разгорува, кусо потоа се обидуваат да го изгасат со противпожарни апарати, при што се слуша глас на микрофон кој вика „Излезете сите“.
Дискотеката „Пулс“ во Кочани пред три ипол месеци прослави 12 години постоење. Досега, во диското настапувале повеќе македонски пејаи и диџеи и гости од регионот: Антониа Гиговска, Влатко Лозаноски, Тајзи, Бени и „Нон стоп“, „Нокаут“ и други.
- 51 ЛИЦЕ ЗАГИНА, НАД 100 ПОВРЕДЕНИ ВО ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ, ПОЖАРОТ ИЗБИЛ ОД ПИРОТЕХНИКА ОД ЧИИ ИСКРИ ГО ЗАПАЛИЛЕ ТАВАНОТ, КАЖА ТОШКОВСКИ
- НАЈМАЛКУ 50 ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКА ВО КОЧАНИ
- ЕДЕН ОД ЧЛЕНОВИТЕ НА ГРУПАТА „ДНК“ Е НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ ПО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА ВО КОЧАНИ, ДРУГИТЕ СЕ ВО БОЛНИЦИ ВО СКОПЈЕ И ВО ШТИП