ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА НА ЛЕКОВИ НЕ Е ГОТОВА ОТИ ЧЕКАМЕ НОВ УПРАВЕН ОДБОР ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, РЕЧЕ ТАРАВАРИ

    ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА НА ЛЕКОВИ НЕ Е ГОТОВА ОТИ ЧЕКАМЕ НОВ УПРАВЕН ОДБОР ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, РЕЧЕ ТАРАВАРИМинистерот Таравари со директорот на Детска клиника, д-р Реџеп Мемеди и проф. д-р Аспазија Софијанова на денешниот настан. (Фото: К. Попов)

    Новата позитивна листа на лекови сѐ уште не е готова, оти чекаме да се избере нов Управен одбор во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

    Министерот на 1 јули кажа дека за две недели ќе биде објавена новата позитивна листа на лекови, за која лани, после 13 години, беше формирана Комисија.

    „Нема никаков проблем со лековите, пари има, чекаме уште да се комплетира Управниот одбор. Од наша страна има согласност за позитивната листа“, рече Таравари, по настан на Детската клиника на кој беа промовирани нов дел на Невролошка амбуланта и сонограф за ехо на главата на помали деца.

    Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски вчера во Струмица рече дека не е прашање дали Фондот има или нема пари за проширување на позитивната листа за девет лекови.

    „Правиме комплетна анализа. На функција сме само 15 дена. Очекувам дека за десетина дена ќе имаме одговор на ова прашање. За 2025  размислуваме разумно во насока следното гледање на позитивната листа да не биде мало дотерување на листата, туку да биде посуштинска, посодржинска промената“, кажа Клековски.

    Б, НЕСТОРОСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира