ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА МОРА ДА БИДЕ РАЗГЛЕДАНО ОД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ВЕЛИ РУСИЈА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

    ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА МОРА ДА БИДЕ РАЗГЛЕДАНО ОД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ, ВЕЛИ РУСИЈА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИОд руското МНР велат дека уставните измени се продолжување на процесот на вештачко менување на името наметнат од надвор со цел Скопје да се внесе во НАТО со сила. - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров (Фото: Руско МНР)

    Русија смета дека менувањето на името на Република Македонија на ваков начин не претставува одраз на волјата на народот и не може да биде прифатено како решение, соопшти руското Министерство за надворешни работи во врска со гласањето за уставните измени во македонскиот парламент. Од руското МНР велат дека прашањето за името на Република Македонија мора да биде разгледано од Советот за безбедност на Обединетите Нации, во согласност со точка 3 на резолуцијата 845.

    „Ставот на Русија за проблемот на името останува непроменет: одржливо решение за името може да биде најдено само со широка поддршка на народот и во рамките на правото, без надворешно мешање и условување. Менувањето на името на Република Македонија на ваков начин не претставува одраз на волјата на народот и не може да биде прифатено како решение. Прашањето за името на Република Македонија мора да биде разгледано од Советот за Безбедност на Обединетите Нации, во согласност со точка 3 на резолуцијата 845 (1993)“, соопшти руското МНР.

    Со резолуцијата 845 од 18 јуни 1993 година, Советот за безбедност ги повикува Поранешната Југословенска Република Македонија и Грција да најдат брзо решение на нивните разлики под покровителство на Генералниот секретар.

    Од руското МНР велат дека уставните измени се продолжување на процесот на вештачко менување на името наметнат од надвор со цел Скопје да се внесе во НАТО со сила.

    „Ставот на претседателот на Република Македонија и мислењето на мнозинството од народот кој го отфрла Договорот од Преспа се игнорирани“, се вели во соопштението на руското МНР.

    Македонскиот парламент на 11 јануари ги усвои уставните измени, предвидени со Договорот Преспа, меѓу нив и амандманот со кој на името Република Македонија му се додава Северна. Уставните измени ќе стапат во сила по ратификувањето на Договорот од Преспа во грчкиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира