ПРАТЕНИЧКАТА НА СДСМ КОЈА ЗЕМА 11.736 ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ВЕЛИ ДЕКА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА АКЦИЗАТА НЕ ВЛИЈАЕ НА СИРОМАШНИТЕ ОТИ НЕМААТ АВТОМОБИЛИ

    ПРАТЕНИЧКАТА НА СДСМ КОЈА ЗЕМА 11.736 ЕВРА ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ВЕЛИ ДЕКА ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА АКЦИЗАТА НЕ ВЛИЈАЕ НА СИРОМАШНИТЕ ОТИ НЕМААТ АВТОМОБИЛИМира Стојчевска од СДСМ е рекордерка меѓу пратеничките од овој состав на Собранието по наплатената сума за патни трошоци. (Фото: принтскрин/Собраниски канал)

    Пратеничката на СДСМ Мира Стојчевска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет кажа дека покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните, бидејќи не поседуваат автомобили.

    Комисијата вчера расправаше за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се укине покачувањето на акцизата на дизелот од три денари, кое стапи на сила на 1 јануари. Мнозинството во Комисијата за финансирање и буџет го одби предлогот на опозицијата, а образложението за неприфаќање на предлогот го даде Стојчевска, која минатата година зеде 11.736 евра за патни трошоци.

    „Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил“, кажа пратеничката на СДСМ од Делчево.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари