Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска не е амнестирана за нападот на Собранието на 27 април 2017. Таа беше притворена, но подоцна постапката против неа беше прекината поради немање докази.
Пешевска во демантот на текстот „Обвинети, осомничени и амнестирани пратеници се собраа да расправаат за борба против криминал и корупција“, во кој погрешно беше наведено дека е амнестирана за 27 април, вели дека била неправедно притворена и држена во домашен притвор повеќе од три месеци за потоа да добие Решение со кое истрагата против неа се запира поради немање на докази
„На Вашиот портал во објавена вест со наслов ’Обвинети, осомничени и амнестирани пратеници се собраа да расправаат за борба против криминал и корупција‘, објавена денес 28.01.2020 година во вториот дел од истата велите ’За тоа како треба да функционира борбата против криминалот и корупцијата придонес ќе дадат и амнестираните за 27 април, Крсто Мукоски и Жаклина Пешевска, кои исто така на дојдоа на расправата‘. Реагирам на Вашата објава бидејќи јас Жаклина Пешевска НЕ СУМ АМНЕСТИРАНА за случајот 27ми Април туку бев неправедно притворена и држена во домашен притвор повеќе од 3 месеци за потоа да добијам Решение со кое истрагата против мене се запира поради немање на докази. Јас не сум можела да бидам амнестирана бидејќи против мене не беше покренато обвинение“, се вели во демантот на Пешевска.