ПРАТЕНИЧКИТЕ БЕЗ КОЛЕГИТЕ РАСПРАВАА ЗА ИСКОРЕНУВАЊЕ НА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН ЖЕНИТЕ

    ПРАТЕНИЧКИТЕ БЕЗ КОЛЕГИТЕ РАСПРАВАА ЗА ИСКОРЕНУВАЊЕ НА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА КОН ЖЕНИТЕНа јавната расправа на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите за говорот на омраза во медиумите насочен кон жените иако поканети, не дојдоа ниту колегите пратеници, ниту некој претставник на медиумите (Фото: Г. Трпеноски)

    На јавната расправа на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите за говорот на омраза во медиумите насочен кон жените, иако поканети не дојдоа ниту колегите пратеници, ниту некој претставник на медиумите. На расправата присуствуваше само директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги Зоран Трајчевски.

    Претседателката на Комисијата, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека пратиле покани и до медиумите и до пратениците.

    „Сите беа поканети но, не дојдоа. Комисијата донесе заклучоци со кои се бара да се искорени говорот на омраза во медиумите и на јавните мрежи, не само по пол, туку и по другите основи. Заклучивме дека е потребно да се изменат  Законот  за спречување и заштита од дискриминација,  Законот за аудио и аудиовизуелни услуги и други закони“, изјави Рангелова.

    Пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска рече дека медиумите и новинарите имаат многу одговорна работа кога се работи за говорот на омраза и треба да внимаваат.

    „Ние сме секојднево изложени на секаква критика. Критика треба, ако е суштетствена за тоа што го работиме. Помалку е важно ако имала деколте, отколку она што сакам да го кажам, а кое е насочено кон тие што ме избрале. Зборуваме на говор на омраза, за дискриминација на жените во медиумите, не само по пол туку и по другите основи. Затоа многу е одговорна работата што ја имаат новинарите и начинот како ја спроведуваат. Мислам дека сите сме единствени дека треба да се направат измени на новиот закон за аудио и аудиовизуелни услуги. Треба да се најде начин тој говор на омраза да се санкционира“, рече Шахпаска.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира