ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕДАТ ВО КАБИНЕТОТ НА СОБРАНИСКИОТ СПИКЕР

    ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ СЕДАТ ВО КАБИНЕТОТ НА СОБРАНИСКИОТ СПИКЕРСобраниското обезбедување не ги пушта новинарите до просториите на претседателот на Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се седнати во кабинетот на претседателот на Собранието. Пратеникот Васил Пишев, кој излезе од просториите на собранискиот спикер, не сакаше да коментира.

    Од ДУИ, пак, велат дека Талат Џафери во нормална работна атмосфера ги дава потребните администравни насоки за да се врати во функција Собраниет и дека  пратениците на парламентарното мнозинство, исто така, ги вршат своите административни работни обврски.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери дојде утринава на работа, откако вчера ја имаше првата официјална средба на оваа функција, со заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот Хојт Ји, по која најави дека уште од денеска ќе се обиде да се стави во функција на нормално работење на Собранието.

    Пратеникот Трајко Вељаноски, кој беше претседавач на конститутивната седница, во саботата кажа дека Талат Џафери е избран на нелегитимен начин и најави дека ќе закаже седница кога ќе се поправи опремата. На работа дојде и техничкиот премиер Емил Димитриев, кој истовремено е и пратеник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира