ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЈА БРАНАТ ВЛАДАТА СО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НА 12.000 ДЕНАРИ

    ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ ЈА БРАНАТ ВЛАДАТА СО ЗГОЛЕМУВАЊЕТО НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НА 12.000 ДЕНАРИПратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова на денешната седница најмногу ја критикуваше министерката за труд и социјала Мила Царовска. (Фото: М. Златевска)

    Минималната плата, која во претходното владеење на ВМРО ДПМНЕ беше 9.000 денари, а владата на СДСМ ја покачи на 12.000 денари месечно, на денешната седница за доверба на владата на Зоран Заев е главниот аргумент на парламентарното мнозинство во одвраќање на критиките од опозицијата.

    Пратениците на СДСМ ја посочуваат зголемената минимална плата како најголем успех и реализација на ветеното.

    „Два-на-е-сет илјади денари изнесува минималната плата во Република Македонија и вие тоа не сакате да го видите и пофалите“, ја потенцираше сумата неколку пати на собраниската говорница пратеничката од СДСМ Јагода Шахпаска, една од пратениците од подалечните градови, кои месечно за патни трошоци земаат дополнително и по околу 3.000 евра.

    Атмосферата на денешната собраниска расправа е речиси идентична со онаа кога се расправаше за интерпелациите против владата и министрите на експремиерот Никола Груевски. Критиките од мнозинството нема, се реплицира веднаш со успесите. Пратенички од СДСМ по критиките на Даниела Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ против работата на министерката за труд и социјала Мила Царовска, излегуваа со нејзини успеси испечатени на лист А4 формат, на кои што пишуваше: „Минимална плата од 12.000 денари“, „2.300 стечајци решени“, „Пензиите покачени“, и уште 10-тина слични содржини, кои ги покажуваа од собраниската говорница.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира