Со 79 гласа „за“ и еден „воздржан“, пратениците ги изгласаа измените на Законот за пратеници со кои од 30 отсто, пратениците ќе земаат 20 отсто од цената на литар гориво за секој изминат километар.
Со измените, пратениците кои живеат подалеку од 100 километри, ќе можат да земат и стан под кирија на трошок на државата, со право на надомест за четири патувања месечно за да може да комуницираат со гласачите.
Законот помина без дебата. За него гласаа и пратениците од опозицијата.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуроска рече дека повторно се злоупотребува европското знаменце, но рече дека пратениците на опозицијата ќе ги поддржи измените.