ПРАВОТО НА АБОРТУС Е УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНО ВО МАКЕДОНИЈА УШТЕ ОД 1974, ЕДНА ГОДИНА ПРЕД ФРАНЦИЈА ДА ГО ДОЗВОЛИ СО ЗАКОН

    ПРАВОТО НА АБОРТУС Е УСТАВНО ЗАГАРАНТИРАНО ВО МАКЕДОНИЈА УШТЕ ОД 1974, ЕДНА ГОДИНА ПРЕД ФРАНЦИЈА ДА ГО ДОЗВОЛИ СО ЗАКОНПравото на абортус е загарантирано во Уставот на Социјалистичка Федеративна  Југославија (СФРЈ) и во Социјалистичка Република Македонија (СРМ) од 1974, а пренесено е и во актуелниот Устав на Република Македонија во 1991. (Фото: Факсимил од споменатите Устави)

    Франција не е единствената држава во светот која го вклучила правото на абортус во својот Устав, оти ова уште од 1974 година е уставно загарантирано право во Социјалистичка Федеративна  Југославија (СФРЈ) и во Социјалистичка Република Македонија (СРМ), а пренесено е и во актуелниот Устав на Република Македонија во 1991.

    Во Член 191 од Уставот на СФРЈ, усвоен во 1974 година, стоеше дека „човекот има право слободно да одлучува за раѓањето деца“ и дека „ова право може да се ограничи само заради заштита на здравјето“.

    Во Член 191 од Уставот на СФРЈ, усвоен во 1974 година, стоеше дека „човекот има право слободно да одлучува за раѓањето деца“ и дека „ова право може да се ограничи само заради заштита на здравјето“. (Фото: Факсимил од Уставот)

    Истото беше наведено во Член 242 од Уставот на СР Македонија од 1974, кој беше целосно услогласен со федеративниот устав.

    На тој начин, правото на абортус беше загарантирано со Устав во Југославија една година пред истотото право  биде дозволено со закон во Франција, имено со Законот на Веј во 1975.

    Член 242 од Уставот на Социјалистика Репѕблика Македонија од 1974, кој беше целосно услогласен со федеративниот устав. (Фото: Факсимил од Уставот)

    Актуелниот Устав на независна Република Македонија од 1991 во Член 41 вели:

    „Право на човекот е слободно да одлучува за создавање деца. Републиката, заради усогласен економски и социјален развој, води хумана популациона политика“.

    Ова правео е пренесено е и во актуелниот Устав на Република Македонија во 1991 во Член 41. (Фото: Факсимил од Уставот)

    Власта на ВМРО-ДПМНЕ, со премиер Никола Груевски и министер за здравство Никола Тодоров, во 2013 значително го отежна и со тоа практично го укина правото на абортус. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ тогаш гласаа за забрана на абортус, а пратеничките од СДСМ не гласаа против, туку го напуштија гласањето. Претседателот Ѓорге Иванов на 17 јуни 2013 потпиша указ и го одобри новиот Закон за прекин на бременоста со кој се ограничи правото на абортус. Власта на СДСМ успеа да го врати правото на абортус во целост дури на 14 март 2019, кога Собранието изгласа нов закон.

    Жените во Франција од вчера имаат уставно загарантирана слобода да абортираат. Усвојувањето на амандманот помина низ три гласања: прво во Националното собрание, па во Сенатот, а потоа и на заедничка седница на двата дома на парламентот, со што беше избегнато распишување референдум за ова прашање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира