ПРЕД НАЈВАЖНАТА СНИМКА ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА СЕЛА, ПРЕКИНАТО СУДЕЊЕТО, СЕ НАЈАВУВА ЦЕЛОДНЕВНО СВЕДОЧЕЊЕ НА ЃОРЧЕВ

    ПРЕД НАЈВАЖНАТА СНИМКА ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО НА СЕЛА, ПРЕКИНАТО СУДЕЊЕТО, СЕ НАЈАВУВА ЦЕЛОДНЕВНО СВЕДОЧЕЊЕ НА ЃОРЧЕВСудењето се прекина непосредно пред да бидат пуштени најкритичните снимки каде ги има конкретните насилства и удари врз онеспособениот и легнат на под Зијадин Села. - Од организираниот напад во Собранието на 27 април лани (архивска фотографија/СДК.МК)

    На барање на десеттемина притворени за обидот за убиство на Зијадин Села на денешен ден лани во прес-салата на Собранието, пуштањето снимки од насилствата врз него и останатите пратеници се прекина во 18.15 часот вечерва. Барањето беше поради замор на обвинетите.

    Судењето се прекина непосредно пред да бидат пуштени најкритичните снимки за нив, во кои, како што кажа и еден од адвокатите, ги има конкретните насилства и удари врз онеспособениот и легнат на под Зијадин Села. На овие снимки, кои обвинителството ги запленило од мобилниот на првиот сослушан сведок Игор Ивановски, според најавите, ги има доказите за обидот за убиство.

    По оваа, следува снимка како полумртвиот Села обвинетите го изнесуваат како трофеј надвор од прес-салата, мислејќи дека е мртов.

    Судењето продолжува на 4 мај, за кога се повикани сведоците: Влатко Ѓорчев, кој цело време додека трае тепањето внатре да ги брани пратениците и тогашниот мандатар Зоран Заев, потоа Александар Трајков, тогашниот личен телохранител на Заев, самиот Заев, Тони Мандаровски и Антонио Филевски. Сите се предложени од адвокатите на обвинетите.

    Прогнозата на адвокатите и на обвинителот Дарко Јакимовски што ја имаа во неформален разговор, беше дека сослушувањето на Ѓорчев, како многу важен сведок и за двете страни, за да се докаже вистината за обидот за убиство, ќе трае можеби и цел ден.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира