Не стотина, туку 270 претставки против судии во моментов има пред Судскиот совет, повеќето наследени од Советот за факти за утврдување одговорност кај судиите, но и нови, кои се поднесени по згаснувањето на Советот за факти.
„Моментално пред Судскиот совет се покренати постaпки за разрешување на пет судии. Како што ќе се разгледуваат етапно овие 270 претставки, така ќе се знае за евентуални нови постапки за разрешување на судии. Дел од овие 270 поднесени претставки се поплаки од незадоволни граѓани, странки во судските постапки, што секако нема да преминат во постапки за разрешување“, рече претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски.
Меѓутоа, Советот нема на денешната седница веднаш да седне и да ви разрешува петтемина судии. Првин ќе формира тричлена комисија со ждребка и таа комисија ќе ја има улогата да ги разгледа петте претставки за разрешување. Ќе има 15 дена да го извести Судскиот совет, кој потоа ќе гласа за иницијативите за разрешување.
С. К. ДЕЛЕВСКА