Македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, се сретнаа попладнево на состанокот на лидерите на Партијата на европските социјалисти и демократи, на кој се утврдуваа заедничките позиции на сестринските партии за утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Софија.
Заев и Ципрас утре наутро ќе имаат билатерална средба на маргините на Самитот во Софија, за која претходно денеска, владиниот портпарол Миле Бошњаковски кажа дека е исчекор кон конечно решение на спорот за името.
Завчера, пак, Заев рече дека целтa на средбата е да направат рекапитулар на тоа што досега е разговарано и да им дадат смерници на министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас.