ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВЕДНАШ, АКО ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ВОЛЈАТА НА МНОЗИНСТВОТО ОД ГРАЃАНИТЕ КОИ ГЛАСАЛЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, КАЖА ЗАЕВ

    ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ВЕДНАШ, АКО ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ВОЛЈАТА НА МНОЗИНСТВОТО ОД ГРАЃАНИТЕ КОИ ГЛАСАЛЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ, КАЖА ЗАЕВПремиерот Зоран Заев гласа на избирачко место во Струмица со синот Душко. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев пред малку кажа дека веднаш ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори, ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не ја почитуваат волјата на мнозинството граѓаните кои гласале на денешниот референдум.

    „Македонија и граѓаните покажаа дека се дел од европското семејство. Референдумот е највисока демократска алатка на која одлучуваат тие што излегуваат тие што гласаат. Волјата на граѓаните е неприкосновена. Во демократија, одлуките ги носат оние што гласаат. Без разлика на организираниот бојкот од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, очекувам дека огромно мнозинство од граѓаните кои гласале го избрале европскиот пат. Волјата на граѓаните што гласале на овој консултативен референдум треба да се преточи во законодавниот дом. Ако навистина имаме видливо огромно мнозинство „за“ од тие што гласале, јасна е иднината. Гласот на пратениците треба да биде за подобар живот и за забрзување на евроатлантските интеграции. Очекувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани што гласаа на референдумот, ако не, ќе треба да ја примениме другата алатка – предвремени парламентарни избори веднаш. Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО“, изјави Заев и рече дека ќе продолжи да ја води земјата напред.

    До 18.30 часот, според ДИК, излезноста е 34,76%. Тоа се 623.147 гласачи, а избирачките места се затворија во 19 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира