ПРЕСТАНЕТЕ ДА ВРШИТЕ ПРИТИСОК ВРЗ ТАСЕВСКИ И КОНТРОЛОРИТЕ НА ЛЕТАЊЕ, РЕАГИРА ЗДРУЖЕНИЕТО НА КОНТРОЛОРИ ДО ДИРЕКТОРИТЕ НА М-НАВ

    ПРЕСТАНЕТЕ ДА ВРШИТЕ ПРИТИСОК ВРЗ ТАСЕВСКИ И КОНТРОЛОРИТЕ НА ЛЕТАЊЕ, РЕАГИРА ЗДРУЖЕНИЕТО НА КОНТРОЛОРИ ДО ДИРЕКТОРИТЕ НА М-НАВПретседателот на Струковиот Синдикат на Контролорите на Летање Александар Тасевски со колегите пред М-НАВ. (Фото: СДК.МК)

    Здружението на контролори на летање, во поддршка на Синдикатот, денеска остро реагираше против ситуацијата во М-НАВ нарекувајќи ја поразителна и против притисоците врз претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, кои резултираа со пријава во полиција против него од дел од менаџментот на Агенцијата.

    „Како што сте веќе запознаени со случувањата, веќе долг период ситуацијата во М-НАВ е доведена на поразително ниво. Иако чашата е одамна прелеана, вчерашното повикување во полиција на Претседателот на Струковиот Синдикат на Контролорите на Летање по поднесена пријава од страна на директорите е кулминација на сите притисоци, предизвици и пречки кои се насочени кон контролорите на летање, а и сите останати професионалци во М-НАВ”, реагира Здружението.

    Здружението со реакцијата бара да престанат притисоците од менаџментот, додека контролорите градат професионалност на целата институција со години.

    „Недвосмислено јасно стоиме позади Претседателот на ССКЛ и целото членство и им изразуваме поддршка во овој процес, а особено после вчерашните активности насочени лично кон синдикалниот лидер. Тоа што ние како ЗКЛМ го работиме веќе долго време е само дополнување на сите борби и залагања кои Синдикатот ги води со децении. Жално и срамно е што покрај сите заложби кои се во насока на обезбедување на највисоко ниво на услуги во воздухопловната навигација, директорите на М-НАВ решаваат на ваков начин да вршат притисок врз Претседателот, членството на ССКЛ, а со тоа и врз сите Контролори и помошници контролори на летање, чие единствено барање е нормални услови за работа во секоја смисла, за да можеме да ги постигнеме целите кои ни се доверени како чувари на нашето небо”, велат од Здружението на контролори на летање на Македонија.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира