ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТИ ПАРТИЈАТА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД ЕВРОПСКИТЕ НАРОДНИ ПАРТИИ И ОД САД

    ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТИ ПАРТИЈАТА СЕ ДИСТАНЦИРА ОД ЕВРОПСКИТЕ НАРОДНИ ПАРТИИ И ОД САДПретседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Лука Претседателот во образложението на оставката вели дека не сака да биде дел од дворските игри кои го одвлекувале вниманието на партијата од вистинските проблеми (Фото: ВМРО-ДПМНЕ)

    Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Лука Кржаловски даде неотповиклива оставка од функцијата. Тој оставката ја образложи на Фејсбук.

    „Покрај тоа што моменталното раководство имаше скоро цела една година да излезе со една сеопфатна стратегија за одговарање на горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе дојде до промена на курсот. Додатно, гледаме дека има континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори, кои што сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во поширокиот балкански регион. Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот – Европската Народна Партија-каде што лежат нашите вредности и интереси, уште од самото основање на ВМРО-ДПМНЕ. Друг пример е фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство т.е. воопшто не ја сметаат нашата партија за релевантен фактор“, се вели во образложението на оставката на претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски.

    Кржаловски објаснува дека оставката ја дава и дека не сака да биде дел од дворските игри кои го одвлекувале вниманието на партијата од вистинските проблеми.

    Претходно, оставка поднесе претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска. Од партијата, пак, велат дека кога оставка поднесува претседателката, тогаш автоматски во оставка е и најтесното раководство на Унијата на жени.

    Од функцијата се повлече и досегашниот координатор на сите 10 пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Драган Данев и нема да биде координатор на евентуално формираната една пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира