Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека првиот круг од претседателските избори најверојатно ќе се одржи на 21 април, а евентуалниот втор круг во тој случај би се одржал на 5 мај.
Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во врска со објавувањето на Законот за употреба на јазиците во Службен весник, Џафери кажа дека 8 февруари е крајниот рок за распишување претседателски избори. Како што рече Џафери, се размислува тие да се одржат на 21 април, а вториот круг на 5 мај, бидејќи ако се одржат една недела порано, вториот круг ќе се падне на 28 април и ќе се совпадне со Велигден.
Мандатот на претседателот Ѓорге Иванов истекува на 12 мај.
С. К. ДЕЛЕВСКА