НА КРАЈОТ ОД МАНДАТОТ ИВАНОВ ГИ ПОМЕША ЛОНЦИТЕ, НЕ МОЖЕ ТОЈ ДА БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ЗАКОНОДАВНАТА ВЛАСТ, ТУКУ ОБРАТНО, ВЕЛИ ТАЛАТ ЏАФЕРИ

    НА КРАЈОТ ОД МАНДАТОТ ИВАНОВ ГИ ПОМЕША ЛОНЦИТЕ, НЕ МОЖЕ ТОЈ ДА БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ЗАКОНОДАВНАТА ВЛАСТ, ТУКУ ОБРАТНО, ВЕЛИ ТАЛАТ ЏАФЕРИДо Службен весник, покрај указите,Талат Џафери испратил и дополнително објаснување на причините зошто указите се потпишани само од страна на претседателот на Собранието. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека вчера во рамки на уставните надлежности ги потпишал указите за Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Договорот од Преспа место претседателот Ѓорге Иванов и дека на Иванов му дал една година да го потпише Законот за јазиците и шест месеци да ја потпише ратификацијата, но тој не го сторил тоа.

    „На крајот на својот мандат Иванов ги помеша лонците. Не е тој кој може да бара одговорност од законодавната власт, туку има можност законодавната власт да бара одговорност од него“, рече Џафери во врска со најавените кривични пријави од ВМРО-ДПМНЕ против него и против директорот на Службен весник што ги објавил указите без потпис на Иванов.

    Џафери го обвини Иванов дека го прекршил Уставот и сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањата со актот на непотпишувањето на указите на законот и на договорот.

    „Претседателот на Македонија е дел од извршната власт и тој не смее да се меша во законодавната власт“, рече Џафери.

    Тој тврди дека Собранието и тој од почеток постапуваат во рамки на своите уставни, законски и деловнички надлежности.

    До Службен весник, покрај указите, испратил, рече, и дополнително објаснување на причините зошто указите се потпишани само од страна на претседателот на Собранието.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира