ПРИТВОР И ЗА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ КОЈ ВОЗЕЛ ПОБРЗО ОД ДОЗВОЛЕНОТО ПРИ ШТО ЗАГИНАА 15 ПАТНИЦИ КАЈ ЛАСКАРЦИ

    ПРИТВОР И ЗА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ КОЈ ВОЗЕЛ ПОБРЗО ОД ДОЗВОЛЕНОТО ПРИ ШТО ЗАГИНАА 15 ПАТНИЦИ КАЈ ЛАСКАРЦИПо сопственикот и управителот на „Дурмо турс“, во чија сопственост е неисправниот автобус што се преврте на 13 февруари 2019 година кај селото Ласакарци, притвор вечерва доби и возачот, кој возел над дозволената брзина. (Фото: СДК.МК)

    Судија на претходна постапка му одреди притвор и на возачот на автобусот кој се преврте кај селото Ласкарци на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари, при што загинаа 15 патници, а една патничка уште се бори за живот.

    Пред тод судијта му одреди мерка притвор и на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ кој е првоосомничен во истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје.  Мерка притвор е одредена и за второосомничениот во истрагата – раководителот на компанијата. Двајцата дозволиле автобусот да превезува патници иако знаеле дека сопирачките се неисправни, а раководителот инсталирал и уред со кој се манипулирал тахометарот односно не ја покажувал вистинската брзина на движење.

    Шефот на Основното јавно обвинителство Скопје Сашо Рајчев рече дека причина за сообраќајната несреќа е неисправност на кочниците на автобусот и брзината со која возел шоферот, а била над дозволената од 80 километри на час.

    „Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице, кои денеска беа спроведени во судот, судија на претходна постапка по исказите на лицата како и ценењето на фактите и доказите приложени во предлогот , донесе решенија со кои за Д.Б. Р.М. и М.Т го прифати предлогот на обвинителството и им предели мерка притвор во траење од по 30 дена“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    За  И.Ѓ. , Г.Д. и Ј.Б. судијата го одбил предлогот на обвинителството за определување мерка притвор со тоа што на И.Ѓ. и Г.Д им определил мерка куќен притвор, додека Ј.Б. добил мерки на претпазливост: одземање на патна исправа, забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува на службено лице во судот и забрана за вршење на работни активности.

    За  В.Г. судијата го прифатил предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост.

    Против овие решенија сите шестмина осомничени имаат право на жалба.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари