ПРИТВОР ЗА ЧАВКОВ, ДУРЛОВСКИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА, ПОТВРДИ СУДОТ

    ПРИТВОР ЗА ЧАВКОВ, ДУРЛОВСКИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА, ПОТВРДИ СУДОТПоранешниот министер за внатрешни работи и ексдиректор на БЈБ Митко Чавков рано утринава беше уапсен и донесен на распит во Основниот суд Скопје 1. - Фотографија од распитот на Чавков објавена на Фејсбук од пратеникот Павле Богоевски

    Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор во траење од 30 дена на ексминистерот за внатрешни работи Митко Чавков, оперскиот пејач Игор Дурловски и на уште три други лица, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, потврди Основниот суд Скопје 1 за државната агенција МИА. За две други лица, судијата на претходната постапка не го прифати барањето на обвинителеството и им изрече мерка куќен притвор.

    „Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на спроведените лица во судот во однос на предлогот на обвинителството, донесе решенија со кои за О.П., О.Р., И.Д., М.П. и М.Ч. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Основниот суд Скопје 1.За лицата Е.Б. и С.М., судијата не го прифати предлогот за определување мерка притвор, а како мерка за безбедување присуство им определи мерка куќен притвор“, соопшти Кривичниот суд.

    За останатите лица, за кои сè уште не е завршено сослушувањето, од Судот велат дека јавноста ќе биде информирана утре.

    Обвинителството утринава соопшти дека отворило истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април во Собранието, за кое што минимална казна е 10 години затвор. Попладнево, во Собранието пристигнаа барања за симнување имунитет за шестмина пратеници во врска со истрагата на обвинителството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира