ПРИТВОР ЗА НЕГОТИНЕЦ КОЈ ПЕТ МЕСЕЦИ ГО ДЕМНЕЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОВ ЗА ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ НЕГО

    ПРИТВОР ЗА НЕГОТИНЕЦ КОЈ ПЕТ МЕСЕЦИ ГО ДЕМНЕЛ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОВ ЗА ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ НЕГОПротив осомничениот се води претходна кривична постапка за присилба, во која кон него биле изречени и мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана за воспоставување комуникација со градоначалникот на Неготино. (Фото: СДК.МК)

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 28-годишен жител на Неготино осомничен дека го демнел градоначалникот на Неготино Горан Стојанов. На барање на јавниот обвинител, судот во Неготино определи притвор за осомничениот, соопшти Обвинителството.

    „Во периодот од 12.09.2024 до 25.02.2025 година осомничениот, преку Вајбер и Фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник на Неготино, постојано испраќајќи му текстуални пораки, линкови и фотографии со заканувачка содржина во обид да го принуди да издејствува повлекување во кривична постапка. Имено, против сега осомничениот се води претходна кривична постапка за присилба, во која кон него биле изречени и мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана за воспоставување комуникација со оштетениот градоначалник. Наспроти ваквите мерки определени од Судот, осомничениот продолжил да го контактира градоначалникот и да му се заканува, предизвикувајќи кај него чувство на несигурност, вознемиреност и страв за неговата и за сигурноста на неговите блиски“, соопшти Обвинителството.

    Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира