ПРИВЕДЕНИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ПОРАДИ СОМНЕЖ ДЕКА НЕЗАКОНСКИ ДЕЛЕЛЕ СУБВЕНЦИИ

    ПРИВЕДЕНИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ПОРАДИ СОМНЕЖ ДЕКА НЕЗАКОНСКИ ДЕЛЕЛЕ СУБВЕНЦИИОд МВР најавија дека во текот на денот ќе излезат со подетални информации за случајот. - Основен суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи утринава приведе неколкумина државни службеници, поради сомневање дека ја злоупотребиле службената положба и незаконски распределувале субвенции.

    Од Основниот суд Скопје 1 ни потврдија дека кај нив има донесено лица на распит пред судија во претходна постапка, а за детали упатија во обвинителство и во МВР.

    Од МВР најавија дека во текот на денот ќе излезат со подетални информации за случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира