За полесно изучување на македонскиот и албанскиот јазик, денеска беше промовиран речник на македонско-албански и албанско-македонски јазик.
Двонасочниот речник е прилагоден за млади, а подготвен е на иницијатива на Нансен Дијалог Центар – Скопје и Канцеларијата на високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ, Ламберто Заниер. Достапен е електронски на веб-страница hcnm-ndc.org или може бесплатно да се преземе како мобилна апликација за андроид и ajос.
Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска се сретна со високиот комесар Заниер и со претставници од Нансен Дијалог Центарот кои ѝ го презентираа речникот.
„Речникот ќе претставува мост за полесно разбирање меѓу младите. Со самото тоа што истиот е адаптиран за млади и лесна употреба, овој речник ќе биде практично применлив. Имено, овој речник треба да им послужи на најмладите, да го олесни изучувањето на македонскиот и албанскиот јазик“, рече Дескоска.