ПРОНАЈДЕН ЖИВ ЕДЕН ОД ДВАЈЦАТА ИСЧЕЗНАТИ МАКЕДОНЦИ НА ХАЛКИДИКИ ПО 18 ЧАСА ВО МОРЕТО

    ПРОНАЈДЕН ЖИВ ЕДЕН ОД ДВАЈЦАТА ИСЧЕЗНАТИ МАКЕДОНЦИ НА ХАЛКИДИКИ ПО 18 ЧАСА ВО МОРЕТО30-годишниот Иван за грчките медиуми кажа дека животот му го спасила топка, која што случајно се нашла близу него. (Фото: Катимерини)

    Еден од двајцата македонски државјани кои исчезнаа вчера во морето кај Посиди, Халкидики, е пронајден жив, објавија грчките медиуми. 30-годишникот е пронајден околу 11.30 часот по македонско време, по 18 часа во морето, откако бил забележан од хеликоптер на грчката армија кој што учествуваше во потрагата.

    Веднаш бил известен брод и екипажот на бродот го спасил 30-годишникот и го однел во пристаништето Неа Скиони, а оттаму е префрлен во болница. Грчките власти велат дека е во релативно добра состојба.

    30-годишниот Иван за грчките медиуми кажа дека животот му го спасила топка, која што случајно се нашла близу него. Тој 18 часа се држел за топката пред да биде пронајден од армискиот хеликоптер југозападно од Посиди.

    Тројца македонски државјани на возраст од 25, 28 и 30 години, вчера исчезнаа во морето откако беа повлечени од силните струи. 25-годишникот брзо беше најден од грчките служби и е во добра состојба. Тројцата дошле на Халкидики да прослават роденден на еден од нив.

    Потрагата по 28-годишникот продолжува.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира