ПРОПАДНА И 14. ТЕНДЕР ЗА ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ЧЕБРЕН

    ПРОПАДНА И 14. ТЕНДЕР ЗА ИЗГРАДБА НА ХИДРОЦЕНТРАЛАТА ЧЕБРЕН„Државата 20 години го води овој процес. Јас сметам дека сега треба да седнат на маса луѓе од енергетскиот сектор и да одлучат дали треба да се распише нов тендер или да го гради државата“, рече министерката Шукова. (Фото: Министерство за животна средина)

    Пропадна и 14. тендер за изградба на хидроцентралата Чебрен,  кажа денеска министерката за животна средина Каја Шукова. Таа рече дека постапката ќе се поништи бидејќи на грчката фирма „Архидром“ на 31 декември ѝ истекла банкарската гаранција, а нова не е доставена.

    „Од грчката фирма беше побарано да се потпише договор за заедничко вложување со Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за да можат да ја продолжат банкарската гаранција. Ние тоа барање не го прифативме и ги информиравме за тоа, но одговор не добивме. Со тоа, сега ќе доставиме информација до Владата да се поништи постапката“, рече Шукова.

    Што ќе биде понатака со Чебрен треба да одлучат оние кои се занимаваат со енергетика, рече Шукова.

    „Државата 20 години го води овој процес. Јас сметам дека сега треба да седнат на маса луѓе од енергетскиот сектор и да одлучат дали треба да се распише нов тендер или да го гради државата“, рече Шукова.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира