ПРОРАБОТЕ АПЛИКАЦИЈАТА „МОЕ ЗДРАВЈЕ“, КАДЕ СЕ СОБРАНИ СИТЕ ПОДАТОЦИ НА ПАЦИЕНТИТЕ

    ПРОРАБОТЕ АПЛИКАЦИЈАТА „МОЕ ЗДРАВЈЕ“, КАДЕ СЕ СОБРАНИ СИТЕ ПОДАТОЦИ НА ПАЦИЕНТИТЕЧагороска од Управата за електронско здравство кажа дека апликацијата е веќе активна, и е достапна на македонски, албански и на англиски јазик. (Фото: К. Попов)

    Податоци за реализирани прегледи кај матичен лекар, специјалистички, лабораториски, дијагностички и болнички упати, рецепти, примени вакцини, содржи апликацијата „Мое здравје“ која беше презентирана денеска од министерот за здравство Фатмир Меџити.

    Преку неа, секој граѓанин ќе има увид во податоците за сопственото здравје.  Апликацијата е поврзана со системот „Мој термин“, од каде се преземаат сите податоци.

    „Преку ‘Мое здравје’ можете лесно да пристапите и да ја истражувате вашата медицинска историја. Оваа апликација ја става моќта на информацијата директно во вашите раце. Она што го издвојува ‘Мое здравје’ е неговата беспрекорна интеграција со системот ‘Мој термин’. Го поканувам секој од вас да ја прифати моќта на ‘Мое здравје’. Преземете ја контролата врз вашето здравје и добијте вредни сознанија,“, кажа министерот.

    Раководителката на одделението Управа за електронско здравство Жаклина Чагороска кажа дека апликацијата е веќе активна, и е достапна на македонски, албански и на англиски јазик.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира