ПРОРАБОТЕ ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ КОЈ БЕШЕ ПАДНАТ ЦЕЛА НЕДЕЛА

    ПРОРАБОТЕ ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ КОЈ БЕШЕ ПАДНАТ ЦЕЛА НЕДЕЛАЦелата процедура за јавни набавки во државните органи, јавните претпријатија, агенции, училишта, фондови, во општините, оди преку сајтот е-набавки. (Фото: принтскрин)

    Техничкиот проблем кој доведе до недостапност на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) е целосно надминат, соопштија од Бирото за јавни набавки (БЈН). Оттаму додаваат дека интегритетот на системот не е загрозен и очекуваат од утре системот да е целосно функционален, при што ќе можат да продолжат сите започнати постапки без ограничување и да се спроведуваат нови согласно законските одредби.

    „Во моментот се работи на продолжување на роковите на сите тековни постапки, поради што е оневозможено најавување на ЕСЈН. Наредните денови очекуваме целосно нормализирање на сите функции на системот, за што дополнително ќе ве информираме“, велат од БЈН.

    Веб-страната на Бирото за јавни набавки не беше во функција измината недела и беа блокирани сите јавни набавки.

    Целата процедура за јавни набавки во државните органи, јавните претпријатија, агенции, училишта, фондови, во општините, оди преку сајтот е-набавки. Така е по закон. Оглас за јавна набавка, потоа добиени тендери, односно склучени договори за јавни набавки, по закон мора да се објават на веб-страната е-набавки.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира