ПРОСТИТУТКА МОЖЕ ДА СЕ БАРА ПРЕКУ АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, АМА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ВРАБОТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОСТИТУТКА МОЖЕ ДА СЕ БАРА ПРЕКУ АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, АМА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ВРАБОТИ

    На официјалната веб страна на Агенцијата за вработување на Македонија (АВРМ)  има опција да се огласи вработување проститутка. Оваa можност ја дава апликацијата за електронско пријавување нови работни места „е-работа“ што е наменета за правни, физички лица и агенции за привремени вработувања. Според истата апликација, на странките регистрирани на системот „е-работа“ при објавување оглас за засновање нов работен однос за лица со завршено средно образование, во менито за работно место – занимање им излегува опција за вработување и на проститутка.

    Во кривичниот законик проституцијата во Македонија се смета за кривично дело.

    „Не може да се огласат работни места кои се забранети во Македонија па така и за вработување на проститутка. Било кој и да се обиде на нашата страна да објави оглас за професии кои се нелегални самиот ППР систем ги отфрла. Опциите кои стојат во апликацијата ’е-работа’ за оглас во менито работно место, се согласно меѓународната класификација на занимања, но за дел од нив, кои во Македонија со закон се забранети, при обидот да се објави оглас, системот не дозволува и ваков оглас никогаш нема да видите преку Агенцијата за вработувања“, вели за САКАМ ДА КАЖАМ директорот на АВРМ Влатко Поповски.

    Проституцијата како професија е ставена во Националната класификација на занимања и е усвоена како национален стандард со одлука на македонската Влада во 2011 година. Во класификација на занимања што е изготвена од Државниот завод за статистика има вкупно 3.921 професии кои се водат под посебни шифри. Проституцијата е заведена под шифра 5169.03. Ова занимање е ставено во делот на работници на услужни дејности во подгрупата – работници на персонални служби, заедно со хостеса и танцувачки партнери.

    Во уводниот дел на класификацијата, што како документ го изготви Заводот, стои дека “статистика се надева оти Класификацијата ќе ја исполни својата улога во јавноста и на крајните корисници ќе им овозможи согледување и правилно определување на занимањата”.

    Класификацијата е подготвена во согласност со препораките на Меѓународната организација на трудот (ИЛО). Таа е преземена од европските статистички системи за да може податоците за занимањата да бидат споредливи како на национално, така и на меѓународно ниво.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира