ПРОТЕСТ И ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВАШИНГТОН

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Вашингтон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОТЕСТ И ПРЕД МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ВАШИНГТОН

    Триесетина Македонци кои живеат во Вашингтон денеска протестираа пред  амбасадата на Република Македонија во САД против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите за кривични дела што можат да произлезат од прислушуваните разговори.  Ним им се придружија и неколку американски граѓани.

    Тие сакаа до амбасадорот на Македонија во САД Васко Наумовски да достават петиција со три барања: Оставка на претседателот Иванов, поддршка за СЈО и одложување на изборите додека не се создадат услови за веродостојно изјаснување на граѓаните. Петицијата ќе биде поставена на веб платформата: www.change.org, за да може на неа да се потпишуваат сите граѓани на Република Македонија што живеат надвор од татковината.

    Протестот беше организиран од нашинци што живеат во главниот град на САД. Тие со македонски знамиња, ѕвончиња, свирчиња и вувузели и транспаренти на кои пишува „Протестирам за демократска Македонија“ и „Поддршка за СЈО“ се упатија кон македонската амбасада. На улицата од неколку возила возачите што се дел од протестот трубеа со автомобилските свирки.

    На протестот се појави и Мето Коловски, претседател на Обединетата македонска дијаспора. Тој рече дека пред амбасадата е во две улоги – како граѓанин и како претседател на ОМД.

    Поддршка за СЈО како Чарлиевите ангели и во Вашингтон (аматерска фотографија)

    Поддршка за СЈО како Чарлиевите ангели и во Вашингтон (аматерска фотографија)

    Портата на амбасадата беше затворена. На оградата на амбасадата демонстрантите распнаа транспаренти на кои пишува „Оставка“ и „Истрага“.

    Демонстрантите пееја македонски песни и извикуваа „Нема правда нема мир“, „Оставка“ и „Готово е!“. Потоа симболично си ги залепија устите со самолеплива лента.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари