ДЕМОНСТРАНТИТЕ ТРГНАА КОН ВЛАДАТА

    ДЕМОНСТРАНТИТЕ ТРГНАА КОН ВЛАДАТА

    Демонстрантите што вечерва беа растерани од полицијата во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ тргнаа кон зградата на Владата, јавуваат репортерите на СДК.МК.

    Пред тоа тие се судрија со полицијата во близина на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.о извици „Браните убијци!“ дел од протестантите фрлаа со камења кон полицајците.

    Протестот почна мирно пред Собранието, но потоа дојдоа студентите кои во знак на протест за нивните приведени колеги ја поведоа масата кон плоштадот ВМРО. Некој запали слика на Никола Груевски и така почна еуфоријата.

    Во исто време трае и контрапротестот на приврзаниците на власта, кои пристигнаа со автобуси од различни делови на Македонија во близина на зградата на Црвениот крст и се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари