ПРОТЕСТОТ НА НАСТАВНИЦИТЕ ПРЕД СОНК НЕ ДОЛИКУВА НА ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ, РЕЧЕ НЕДЕЛКОВ

    ПРОТЕСТОТ НА НАСТАВНИЦИТЕ ПРЕД СОНК НЕ ДОЛИКУВА НА ПРОСВЕТНИ РАБОТНИЦИ, РЕЧЕ НЕДЕЛКОВНеделков кажа дека штрајкот не е прекинат туку е ставен во мирување откако се повикани на медијација. (Фото: Принтскрин МИА)

    Претседателот на Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК) Јаким Неделков вели дека протестите на наставниците имаат за цел да го разбијат единството на СОНК и не доликуваат на просветни работници.

    Непријатно и жално е што најобразованите луѓе во државата дозволуваат да бидат изманипулирани или неинформирани. Вакви протести и упади во просториите на СОНК не личат на просветни работници. Многу е полегитимно нивните права да ги побараат во рамките на организaција, а не да вршат ваков притисок врз раководството. Вакви неидентификувани собирања на кои не го знаеме организаторот не водат кон ништо. Тоа е обид за разбивање на единството на СОНК“, рече Неделков одговарајќи на новинарско прашање за вчерашниот протест на дел од наставниците пред СОНК.

    Неделков кажа дека штрајкот не е прекинат туку е ставен во мирување откако од Министерството за труд и социјална политика ги известиле дека пристапуваат кон мирно решавање на спорот. Според Законот за мирно решавање на работни спорови, како што кажа Неделков, тие мора да прифатат медијатор и да преговараат со Министерството за образование и Владата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира