ПРОЦЕСОТ Е ПОЛИТИЧКИ, А НЕ ПРАВЕН, СЕ ПОЖАЛИ ГРУЕВСКИ ОТКАКО СЈО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА НЕГО

    ПРОЦЕСОТ Е ПОЛИТИЧКИ, А НЕ ПРАВЕН, СЕ ПОЖАЛИ ГРУЕВСКИ ОТКАКО СЈО ПОБАРА ПРИТВОР ЗА НЕГОПоранешниот премиер Никола Груевски на денешната прес-конференција свикана како реакција на обвинувањата што СЈО ги поднесе до Кривичниот суд.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кажа дека неговата партија е нападната откако Специјалното јавно обвинителство денеска побара притвор за него и уште неколкумина други високи функционери од партијата. Тој ги нарече обвиненијата што ги поднесе СЈО политички, а не правен процес, кој што има за цел да ја скрши ВМРО-ДПМНЕ.

    „ВМРО-ДПМНЕ е нападната. Стотина лица, дел од органите или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ се гонети за да се уништи или замолкне партијата. Станува збор за политички, а не за правен процес. СЈО одамна ја загуби непристрасноста и кредибилитетот во својата работа. СЈО не е обвинителство, СЈО е канцеларија на СДСМ и носи одлуки без никакви правни докази. Целта е ВМРО, целта е кршење на ВМРО, целта е политичка елиминација и ставање на контрола за поголеми цели“, изјави Груевски на прес-конференцијата во седиштетот на партијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира