ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА, ПОТВРДИ ФИЛИПЧЕ

    ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА, ПОТВРДИ ФИЛИПЧЕЛицето е од Скопје, родено 1970 година, додаде епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје. - Министерот за здравство Венко Филипче (Фото: принтскрин/Јутјуб)

    Регистриран е првиот случај на заразен со коронавирус на Клиниката за инфективни болести во Скопје, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

    „Пациентката е позитивна за вирусот Ковид-19. Нема простор за паника. Епидемиолошките анализи укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија. Веќе две недели е болна и иницијално се третирала во Италија, но таму не била тестирана за коронавирус и директно се упатила кон Инфективната клиника во Скопје откако пристигнала. Не претставувала опасност да ја пренесе болеста“, изјави Филипче на прес-конференција во Владата.

    Лицето е од Скопје, родено 1970 година, додаде епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира