ПРВ СЛУЧАЈ НА ОМИКРОН ВО МАКЕДОНИЈА, ГО ДОНЕЛ ПРЕЛЕЖАН И ВАКЦИНИРАН ПАТНИК ОД БРИТАНИЈА

    ПРВ СЛУЧАЈ НА ОМИКРОН ВО МАКЕДОНИЈА, ГО ДОНЕЛ ПРЕЛЕЖАН И ВАКЦИНИРАН ПАТНИК ОД БРИТАНИЈАМажот има лесна клиничлка слика - пункт за тестирање во „Жан Митрев“ (фото: Ѓ. Личовски)

    Прв случај на ковид -19 на сојот Омикрон е детектиран во Македонија, соопшти Министерството за здравство. 

    Пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

    Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај  маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал  прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира