ПРВА СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ, ПРВ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ ЧАВКОВ

    ПРВА СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ, ПРВ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ ЧАВКОВШто се однесува до екипирањето на министерските кабинети, дознаваме дека помеѓу коалиционите партнери уште се водат разговори за заменички места на одредени министерства и некои директорски места - (Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев ја закажа првата седница на новиот владин кабинет за денес напладне.

    Дневниот ред на седницата не е објавен, но дознаваме дека меѓу првите точки ќе биде разрешувањето на директорот за јавна безбедност Митко Чавков.

    Уште на 3 мај тогашниот технички министер за внатрешни работи Агим Нухиу од Владата побара разрешување на Чавков „поради пропусти во работата за време на нападот во Собранието на 27 април“. Нухиу тогаш објави и дека формирал работна група од професионалци во МВР која ќе ја утврдува одговорноста на Чавков и на структурите во МВР за организираниот напад на Собранието.

    Неколку дена подоцна Нухиу откри дека на 27 април имало сценарио кое би било повод за прогласување воена состојба од врховниот командант на АРМ, претседателот Ѓорге Иванов.

    До денес нема резултати од работата на групата што треба да ја испитува одговорноста на Чавков. Тој на 19 мај си ги спакувал личните работи од канцеларијата, земал годишен одмор и побарал да замине во пензија, затоа што има бенефициран стаж.
    Се очекува на првата владина седница да се избере и нов генерален секретар на владата, како и нов директор на владината Службата за општи и заеднички работи.
    Што се однесува до екипирањето на министерските кабинети, дознаваме дека помеѓу коалиционите партнери уште се водат разговори за заменички места на одредени министерства и некои директорски места.
    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира