ПСИХИЈАТРИ ОД БОЛНИЦАТА ВО ДЕМИР ХИСАР ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ НА КОЛЕГА

    ПСИХИЈАТРИ ОД БОЛНИЦАТА ВО ДЕМИР ХИСАР ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ПО ПОЗИТИВНИОТ ТЕСТ НА КОЛЕГАГрадоначалникот на Скопје Петре Шилегов и министерот за здравство Венко Филипче денес беа на увид до каде е поставувањето на полската болница до Инфективната клиника. (Фото: К. Попов)

    Психијатар од Психијатриската болница во Демир Хисар е позитивен на коронавирус, и со тоа е затворен Центарот за јавно здравје во Прилеп, кој раководи со оваа институција, кажа министерот за здравство Венко Филипче. Докторот е асимптоматски, но има позитивна семејна анамнеза, по што бил тестиран и тестот е позитевен. Со оглед на тоа дека бил во контакт со колегите, преку епидемиолошките анкети се преземени мерки и препорачана е самоизолација на психијатрите.

    „Заедно со Клинката за психијатрија од Скопје ја организиравме работата, и до завршувањето на самоизолацијата на психијатрите, таму ќе ротираат психијатри од Скопје, Битола и од Прилеп, а по потреба ќе доаѓаат и од Кичево, Гостивар и од Тетово. Сите пациенти ќе бидат упатени во други центри, а доколку има индикација за итност, ќе се упатат во Скопје“, кажа Филипче.

    На сајтот на Клиниката се објавени телефонски броеви на психијатри кои се достапни за консултации и совети.

    Осврнувајќи се на тестирањата во приватната болница „Систина“, Филипче кажа дека постои стручно мислење од Комисијата за заразни болести која ги следи препораките на Светската здравствена организација (СЗО), дека тестот е позитивен само кога се детектира присутвото на ворусот, а не врз основа на присуството на анителата.

    „Тестовите кои ги користи приватната клиника ’Систина‘ се различен тип од тестовите на сите останати институции и тие тестови го детектираат присуството на антитела на вирусот КОВИД-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на антитела кои ги прави ‘Систина’, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството“, рече Филипче.

    Филипче кажа дека во однос на тестирањата, епидемиолозите имаат консензус дека овој модел како што е досега не треба да се менува, сметаат дека е соодветен и дека дава добри резултати.

    Министерот најави дека е ставенa во функција нова интернет страница, www.koronavirus.gov.mk, на која ќе има совети, мерки за превенција и дневни извештаи за состојбата со коронавирусот во земјава.

    Во вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица. Во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во : Скопје-12, Куманово – 8, Прилеп – 9 и Крива Паланка-1.

    Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на КОВИД-19, а Филипче рече дека соодветно на бројот на жители, според анализите на милион жители само Словенија има повеќе тестирани од Македонија.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира