Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за нов амбасадор во Македонија, објави руската агенција „Риа Новости“. Истовремено, тој го разреши досегашниот амбасадор Олег Шчербак, кој беше на позицијата од 2010 година.
50-годишниот Баздникин доаѓа на амбасадорската функција во Скопје како заменик директор за одделот за планирање на надворешната политика во руското министерство за надворешни работи. Претходно бил шеф на дипломатската мисија на Русија во Приштина.