РАКОВОДИТЕЛИТЕ КОИ НЕ ГИ ИСПОЛНИЛЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА САМИ ДА СИ ЗАМИНАТ, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ФАТМИР БИТИЌИ

    РАКОВОДИТЕЛИТЕ КОИ НЕ ГИ ИСПОЛНИЛЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА ГРАЃАНИТЕ ТРЕБА САМИ ДА СИ ЗАМИНАТ, ВЕЛИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ФАТМИР БИТИЌИЧевртиот сет мерки за справување со последиците од ковид кризата ќе бидедефиниран до крајот на следната недела, најави вицепремиерот за економски прашања Фатми Битиќи. (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи им се обрати на раководителите во државната администрација дека сами треба да си заминат ако не ги исполниле очекувањата на граѓаните, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за четвртиот сет економски мерки на владата.

    „Раководните лица кои не испорачале тоа што е очекување на граѓаните не треба да очекуваат некој да ги смени, туку сами да си заминат“, кажа Битиќи.

    За четвртиот сет мерки за справување со последиците од ковид кризата, Битиќи рече дека ќе биде дефиниран до крајот на следната недела и ќе им биде понуден на сите чинители да видат за колкав финансиски пакет станува збор.

    „Висината на помошта што ќе се понуди за граѓаните и стопанството е тесно поврзана со вториот ребаланс на буџетот што се планира“, изјави Битиќи.

    Како што кажа тој, со економскиот пакет ќе бидат опфатени повеќе категории луѓе и ќе се помогнат секторите кои се директно поврзани со образовните процеси и згрижувањето на децата во предучилишна возраст во кои претходно можеби не е дадена помош.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира