РАНЕТ НАТРАПНИК ВО КАСАРНАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО СКОПЈЕ

    РАНЕТ НАТРАПНИК ВО КАСАРНАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО СКОПЈЕАрхивска фотографија од воена вежба во Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за одбрана соопшти дека утринава во 02.53 часот е спречен обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, при што лицето кое се обидело да влезе без дозвола било рането во десната нога. Од министерството велат дека натрапникот бил предупреден неколку пати од стражарот, но не реагирал, а по ранувањето му била пружена прва помош и бил пренесен во болница.

    „Војникот што бил на стража постапувајќи според пропишаните процедури и постапки повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрели во воздух. Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница“, велат од Министерството за одбрана.

    Веднаш се известени надлежните истражни органи, велат од министерството, а воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира