РЕФОРМАТОРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРАА ОСТАВКА ОД ГРУЕВСКИ ЗА ПОРАЗОТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    РЕФОРМАТОРИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПОБАРАА ОСТАВКА ОД ГРУЕВСКИ ЗА ПОРАЗОТ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИРеформаторите одржаа прес конференција во Клубот на новинарите и го повикаа и лидерот на партијата да им се придружи. Но, тој не дојде. (Фото: А. Антевска)

    Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ  побараа оставка од  претседателот Никола Груевски, кој според нив е виновен за поразот на локалните избори.

    Тие веднаш по објавувањето на првите неофицијални резултати рекоа дека времето на груевизмот во нивната партија завршило.

    „Груевски веднаш да си даде оставка и да овозможи на демократски конгрес слободно и демократски да се избере нов лидер“, рече Александар Михајловски од реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ.

    Тие својата прес конференција ја одржаа во Клубот на новинарите и го повикаа и лидерот на партијата да им се придружи. Но, тој не дојде.

    Во изјавата што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја прочита во седиштето на партијата тој истакна дека како претседател носи највисока одговорност за изборниот резултат и по изборите ќе се направат анализи и ќе се дискутира што понатаму.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира