РЕНОВИРAЊЕТО НА ОЧНА КЛИНИКА ДОЦНИ, ПО ДВА МЕСЕЦИ ПАУЗА ЌЕ ПРОРАБОТАТ ОПЕРАЦИОНИТЕ САЛИ

    РЕНОВИРAЊЕТО НА ОЧНА КЛИНИКА ДОЦНИ, ПО ДВА МЕСЕЦИ ПАУЗА ЌЕ ПРОРАБОТАТ ОПЕРАЦИОНИТЕ САЛИСпоред најавите од Клиниката за очни болести бреновирањето требаше да заврши на 18 септември, а пациентите на кои им е потребна операција на заден сегмент на око беа оставени да се снаоѓаат, оти во ниедна друга јавна здравствена установа не се прави оваа операција. (Фото:Министерство за здравство)

    Операции на Клиниката за очни болести ќе почнат да се прават од следната недела, откако пред два месеци беа затворени поради реновирање. За тоа време пациентите на кои им беше потребна операција на заден сегмент на око или витректомија, беа оставени да се снаоѓаат во приватните болници, бидејќи овој хируршки зафат не се изведува во ниту една друга јавна здравствена установа. Првично Клиниката најави дека операционите сали ќе се отворат на 18 септември, до кога ќе трае реновирањето. Но, тоа беше пролонгирано за околу 20 дена.

    Од Очна клиника велат дека завршиле со градежните зафати за реновирање на оперативниот блок и во нив ќе се изведуваат сите хируршки интервенции.

    „Станува збор за простор од околу 400 метри квадратни, чие последно реновирање беше направено во 1998 година и веќе не ги задоволуваше стандардите и потребите на клиниката. Бројот на операции неколкукратно е зголемен во изминативе години, во 2007 година се оперираа по 20 пациенти неделно, а последнава годинаво во просек по 100 пациенти неделно“, велат од Клиниката за очни болести.

    Од Очна клиника велат дека поради зголемениот број операции, особено на катаракта, се јавила потреба од проширување на оперативниот блок, а паралелно со хируршките сали реновиран е и стационарот во Клиниката, кој зафаќа површина од 900 метри квадратни, каде целосно се обновени болничките соби, нови прозорци, врати, ѕидови, подови, нови болнички кревети, плакари.

    „Набавивме нови апарати за фако хирургија на катаракта, за витректомија, за крослинкинг, апарати за стерилизација, за анестезија и други, со кои се овозможија услови за безбедна хирургија, се овозможи зголемување на бројот на оперирани пациенти“, велат од Клиниката за очни болести.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари