РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ БАРА ВЛАСТИТЕ ДА ЈА ГАРАНТИРААТ БЕЗБЕДНОСТА НА НОВИНАРИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ БАРА ВЛАСТИТЕ ДА ЈА ГАРАНТИРААТ БЕЗБЕДНОСТА НА НОВИНАРИТЕ

    Меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) ги осуди нападите на македонски новинари за време на протестите во Скопје и другите градови и побара од властите да го расветлат насилството.

    Во соопштението на РСФ се споменуваат физичките и вербалните напади на новинарите на „А1он“ Александар Тодевски и Владимир Желчевски, Ана Петрушева од БИРН и Борјан Јовановски од „Нова ТВ“.

    „Во овој тензичен контекст, ги повикуваме сите политичари да делуваат со воздржаност и да избегнат ексалација на насилството. Исто така, бараме властите да ја гарантираат безбедноста на новинарите за тие да можат да си ја вршат работата како што треба“, вели Полин Аде-Мевел, шеф на дескот на РСФ за ЕУ и Балканот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира