РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВЛЕЗЕ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК, ЌЕ СТАПИ НА СИЛА ОТКАКО ГРЦИЈА ЌЕ ГИ РАТИФИКУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА И ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО

    РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВЛЕЗЕ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК, ЌЕ СТАПИ НА СИЛА ОТКАКО ГРЦИЈА ЌЕ ГИ РАТИФИКУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА И ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ ВО НАТОСпоред Уставниот закон за нивно прогласување, уставните измени ќе стапат на сила, односно името на земјава ќе биде Република Северна Македонија, откако ќе стапи на сила Договорот од Преспа и откако Парламентот на Грција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Ако не се исполнат овие два услова, уставните измени не влегуваат во сила, немаат правно дејство и се неважечки; - Од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 (Фото: СДК.МК)

    Амандманите од 33 до 36 заедно со Уставниот закон за нивно прогласување, со коишто се менува името на земјава од Република Македонија во Република Северна Македонија, се објавени во Службен весник број 6 од 12 јануари со потпис на претседателот на Собранието Талат Џафери. Овие измени на Уставот со 81 глас „за“ беа усвоени на 75. седница на 11 јануари.

    Премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата на 12 јануари рече дека за објавување на оваа одлука во Службен весник не е потребен потписот на претседателот Ѓорге Иванов.

    Според Уставниот закон, уставните измени ќе стапат на сила, односно името на земјава ќе биде Република Северна Македонија, откако ќе стапи на сила Договорот од Преспа и откако Парламентот на Грција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Ако не се исполнат овие два услова, уставните измени не влегуваат во сила, немаат правно дејство и се неважечки; – Уставните измени се објавени во Службен весник број 6 од 12 јануари 2019.

    Според Уставниот закон за нивно прогласување, уставните измени ќе стапат на сила, односно името на земјава ќе биде Република Северна Македонија, откако ќе стапи на сила Договорот од Преспа и откако Парламентот на Грција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Ако не се исполнат овие два услова, уставните измени не влегуваат во сила, немаат правно дејство и се неважечки.

    Уставните измени и Уставниот закон за нивно прогласување се објавени во Службен весник број 6 од 12 јануари 2019

    Според постапката што следува, откако Парламентот на Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа, НАТО ќе може да го активира Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија како 30. земја-членка. Откако ќе се потпише овој документ, ќе стартува процесот на негова ратификација во парламентите сите 29 земји-членки на НАТО, меѓу кои и Грција. Договорот од Преспа, а со тоа и уставните измени со кои земјава се преименува во Северна Македонија ќе стапат на сила дури откако грчкиот Парламент ќе го ратифкува Протоколот за влез во НАТО.

    Утре во грчкиот Парламент почнува дводневна расправа за доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас, а гласањето треба да биде в среда вечер. Се очекува Ципрас да добие доверба од пратениците, по што веднаш ќе следи постапката за ратификација на Договорот од Преспа, што треба да го изгласа мнозинството од 151 пратеник. Речиси е извесно дека Ципрас и за ова го има потребното мнозинство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира