Претставата на македонскиот режисер Иван Поповски, „Сон на летната ноќ“ ја освои највисоката руска театарска награда Златна маска, за најдобра претстава во целина за 2015 година. Поповски, кој живее повеќе од две децении во Москва, го постави Шекспировиот текст лани летото, во неговиот матичен театар „Пјотр Фоменко“.
Свеченото доделување на наградите се одржа во саботата вечер во Москва. За наградите конкурирале 52 претстави од 19 руски градови.
За неговите претстави, кои руската критика ги оценува како спектакли, ги има добиено престижните награди како „Кристален турандот“, „Музичкото срце на Русија, „Златен витез“ , како и медалот „Пушкин“.
Поповски во декември минатата година на сцената на Македонскиот Народен Театар во Скопје го постави спектаклот „Мајторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков.