РЕЖИСЕРОТ ИВАН ПОПОВСКИ СО НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ВО РУСИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Москва(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РЕЖИСЕРОТ ИВАН ПОПОВСКИ СО НАЈДОБРА ПРЕТСТАВА ВО РУСИЈА

    Претставата на македонскиот режисер Иван Поповски, „Сон на летната ноќ“ ја освои највисоката руска театарска награда Златна маска, за најдобра претстава во целина за 2015 година. Поповски, кој живее повеќе од две децении во Москва, го постави Шекспировиот текст лани летото, во неговиот матичен театар „Пјотр Фоменко“.

    Свеченото доделување на наградите се одржа во саботата вечер во Москва. За наградите конкурирале 52 претстави од 19 руски градови.

    Сцена од наградената претстава

    Сцена од наградената претстава

    За неговите претстави, кои руската  критика ги оценува како спектакли, ги има добиено престижните награди  како „Кристален турандот“, „Музичкото срце на Русија, „Златен витез“ , како и медалот „Пушкин“.

    Поповски во декември минатата година на сцената на Македонскиот Народен Театар во Скопје го постави спектаклот „Мајторот и Маргарита“ од Михаил Булгаков.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари