Денешното продолжение на судењето за случајот на СЈО „Тенк“ за набавката на мерцедесот во МВР со кршење за Законот за јавни набавки почна и заврши за половина час, бидејќи обвинетиот поранешен премиер Никола Груевски, како што дознаваме, брзаше на состанок во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде што тој е почесен претседател.
Беа набрзина сослушани тројца сведоци, но само од обвинителите од СЈО. Спротивно на досегашната пракса, адвокатите на Груевски, но и на другите обвинети Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски, се откажаа од какво било поставување прашања кон сведоците, иако некои беа предложени од нив.
Судењето продолжува на 21 март. На некое од следните продолженија, се очекува во судница да бидат пуштени прислушуваните разговори за тоа како течела набавката на мерцедесот од речиси 600.000 евра по желба на Груевски.
С. К. ДЕЛЕВСКА