РОМАНТИКА ВО РЕВОЛУЦИЈАТА,БАКНЕЖ И ЦВЕЌЕ ЗА МЛАД ПОЛИЦАЕЦ ОД ДЕМОНСТРАНТКА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РОМАНТИКА ВО РЕВОЛУЦИЈАТА,БАКНЕЖ И ЦВЕЌЕ ЗА МЛАД ПОЛИЦАЕЦ ОД ДЕМОНСТРАНТКА

    Шарените револуционери уште еднаш покажаа дека се романтични. На пат од Влада кон Собранието, пред канцеларијата на Претседателот Ѓорге Иванов една демонстрантка се добилижи до кордонот полицајци и на еден млад полицаец му подари букет цвеќе, го бакна и му го спушти визирот. Полицаецот изненаден го зема цвеќето и се насмевна на демонстрантката. Оваа сцена, поради силната галама ја забележаа малкумина демонстранти и дел од полицијаците од кордонот. Сите на овој гест на демонстрантката одговорија со насмевки.

    Шарените сега се пред Собранието. Се чекаат говорите на организаторите.

    Колоната демонстранти тргна кон Собранието откако со кафезот со затворениците кусо се задржа пред Влада. Демонстрантите се сликаа со затворениците и покажаа дека воделе посебна грижа за лисиците на рацете на аболицираните. Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е врзан со тигрести лисици, а поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска со виолетови.

    Специјалната единица за боење и вечерва го активираа чаталот со тегнало и уште еднаш ја обои Владата.

    Кафезот во кој се затворени аболицираните ја предводеше колоната демонстранти која од пред СЈО тргна кон Владата. Пред да тргнат, демонстрантите ставија кукли со ликовите на дел од аболицираните облечени во затвореничка облека, во голем кафез. Зад решетките се поранешната минисерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и Мартин Протуѓер. Кафезот е на тркалца и демонстрантите го туркаа по булеварот „Св. Климент Охридски“ кон Владата.

    Вечерашната шарена револуција е посветена на Власите во Македонија по повод 23 мај, Денот на Власите. Централниот транспарент на влашки и на македонски порачува „Не за криминалот, не за аболицијата“.

    „Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! Протестира полека ќе станува бликрам, окупирам и секојдневно го менувам системот!“, напишаа денес на Фејсбук организаторите од Протестирам.

    Откако се исполни барањето за одложување на изборите на 5 јуни, останаа барањето за итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира