И РУСИЈА КАКО ИВАНОВ ПОВИКА НА ВНАТРЕШЕН ДИЈАЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КРИЗАТА

    И РУСИЈА КАКО ИВАНОВ ПОВИКА НА ВНАТРЕШЕН ДИЈАЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА КРИЗАТАИванов синоќа кажа дека никој од надвор нема да ја реши кризата, а истиот став го има и руското МНР. (архивска фотографија)

    Русија вели дека решението на кризата на Македонија може да се најде само со внатрешен дијалог без надворешни притисоци, а истото синоќа го кажа и претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето по нападот на Собранието.

    Руското министерство за надворешни работи во денешното соопштение за ситуацијата во Македонија ги обвини ЕУ и САД дека се одговорни за вчерашниот напад на Собранието и уште еднаш ја повтори тезата дека главна причина за актуелната политичка криза во Македонија е нивното големо мешање во внатрешните работи на земјата.

    „Во оваа ситуација, адекватното решение се наоѓа само во внатремакедонски дијалог во рамките на Уставот и на законите. Неопходно е да се запре секој надворешен притисок и да се овозможи на одговорните политички сили во Република Македонија самите да го одредат понатамошниот развој на земјата“, велат од руското МНР.

    Синоќа, Иванов рече дека никој од надвор нема да ја реши кризата и повика на лидерска средба во неговиот кабинет. Тројца од лидерите, Зоран Заев, Зијадин Села и Али Ахмети веќе ја одбија поканата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира