Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Русковска денеска до Основниот суд Скопје 1 испратила барање за продолжување на притворот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за нови 30 дена.
Јанева беше уапсена на 21 август и истиот ден доби 30 дена притвор како осомничена во случајот „Рекет“, покрај Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Таа е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата.